На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет, ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „Ти си Алеф“ , чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.
Ти си Алеф е играно – документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму.