Деновиве главна веста во светот на шоубизинисот е скандалот на Јелена Карлеуша која наводно имала афера со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката, но и пораки од допишувањата со фудбалерот. Јелена ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека не е таа на фотографиите и дека се монтажа.
Огнен најпосле се огласи и стави крај на шпекулациите, пренесува „Ало“.
„Никогаш не сум бил фан и никој никогаш нема да може така да ме претстави. Душко знаеше за нашата афера, а јас не сакам повеќе да бидам дел од оваа приказна“ вели Огнен за „Ало“.
Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.
Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда. Чанда беше уб*ен враќајќи се од погреб, а Јелена скршена од болка му посвети песна.