Македонија

Милошоски: Најмалку 20 градежни материјали на „Бехтел и Енка“ немаат утврдена цена, таа е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје

Пратеникот Антонијо Милошоски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ рече дека претставниците на власта надвор од нивните законски овластувања потпишале услови со изведувачот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопатски делници, и дека затоа го кријат договорот. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, власта поради тоа го крие договорот, инаку многу лесно ќе се увидат клаузулите каде е високата корупција

– Најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Референтната цена најчесто се врзува со цената на злато, нафта, долар и слични валути и вредности. Тука во овој договор референтната цена е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје, рече поранешниот министер за надворешни работи повикувајќи се на детали од договорот, како што вели, обезбедени од свиркач.

Тој потврди дека утре во Собранието ќе биде гласањето за петте спорни закони со европско знаменце поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме против овие измени.

На Милошоски му е симптоматично и тоа што како да е изоставен од сето ова министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој како што вели пратеникот, во случајов е „помножен со нула“.

– Бочварски јавно кажа дека не постои основен проект за овие делници. Овде нема ништо, освен една скица.

Владата потпишала таква ставка, доколку се јави некој проблем, не плаќа изведувачот, се плаќаат агенциите, претпријатија и институциите на државата, рече меѓу другото Милошоски.

На почеток