Коментари

Требаше пола Македонија да се исели, за да на „сиротите газди“, им текне да понудат плата што работник ја заслужува, вели Стаменов

Активистот Борче Стаменов, човекот кој е заслужен за акцијата „Донирај компјутер“, говори околу иселувањето на младите и платата што им се нуди на потенцијалните работници.

„Требаше пола Македонија да се исели, за да на “сиротите газди, кои едвај врзуваат крај со крај”, им текне да понудат плата што работник ја заслужува, пристојна за живот. Бар на оглас, реалноста секогаш ќе биде поинаква. А и едните и другите некогаш ќе умрат. Е како ќе останат запаметени е сосема друга приказна“ , напиша тој на својот Фејсбук профил.

На почеток