Коментари

Милошоски за Ванчева: Да не му го знаеш ниту името на оној со кого се фалиш дека ти е пријател, не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание

Пратеникот Антонијо Милошоски објави фотографија од пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, и искоментира дека таа се избламирала, но и го девалвирала македонското Собрание откако пратеничката му го погреши името, но и функцијата на рускиот спикер

„Од дипломатските активности на пратениците на СДСМ издвојуваме уште еден “бисер” кој докажува дека нивното про-форма фотографирање за време на патувањата во странство нема политичка содржина, ниту реална корист за Македонија.

Напротив. Да не му го знаеш ниту името, ниту функцијата на оној со кого се фалиш дека ти е пријател и со кого имаш блиц фотографија не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина. Во случајов ваквата површност е и понижувачка за Претседателот на парламентот на Украина.

(Фото: пратеничката Колешката Ванчева и еден од најбитните политичари во Украина на кого таа не му го знае ни името, ни функцијата)“ објави Милошоски.

На почеток