Македонија

(ВИДЕО) Ангелов за изјавите на Меџити: Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.

Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.

За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.

Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.

„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.

На почеток