Свет

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава


Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили на косовската полиција и новоизбраните градоначалници во општините што Србите не ги признаваат, ескалираше попладнево кога дојде до судир меѓу собраните српски граѓани и полицијата во Звечан.

Според дописникот на РТС, се слушнале и рафали, било запалено полициско возило, а биле фрлени и шок бомби.

Припадниците на косовската полиција фрлиле солзавец пред зградата на општината за да ги растера насобраните Срби, меѓу кои има и повредени, а некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале и три детонации.

Подоцна, припадници на косовската полиција влегоа во зградата на општината, оставајќи зад себе на улицата огромно количество чад од солзавец и шок бомби. Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината.

Откако се огласија сирените за тревога, голем број граѓани се собраа на плоштадот пред општината во Лепосавиќ, а по најавата за пристигнување на специјалци го блокираа сообраќајот на главната улица од двете страни на приодот кон зградата на општината.

Неофицијално, тие добиле информација дека кон Лепосавиќ се движи конвој од неколку оклопни полициски возила. Во меѓувреме во Лепосавиќ се појавиле оклопни возила, а граѓаните поставиле барикади на патот кон градот.
Во Митровица, каде што исто така се огласиле сирените за тревога, била прекината наставата на на факултетите и во училиштата, но не беа пријавени инциденти.

„Во исто време кога се огласиле сирените, во некои делови на Митровица снемало струја. Многу тешко функционира и интернетот, како и телефонските линии,“ јавува КосСев.
 

Kurtijeva policija zauzima javne zgrade u K. Mitrovicu.
Vazdušna opasnost već 23 godine na Severu Kosova znači da postoji opasnost i znak je za Srbe da se okupe i nenasilno pružaju otpor.
U Kosovskoj Mitrovici grad je pust. Neko je ucenio ljude da odu na miting u BG. pic.twitter.com/i7eZ7EAxjm
— Savo Manojlovic (@SavoManojlovic) May 26, 2023

Како што дознава „Еуроњуз Србија“, припадниците на косовската полиција изутрината најпрво се обиделе да влезат во општинската зграда во Зубин Поток, за да му обезбедат влез на новиот градоначалник Албанец. Група граѓани ги спречила по што тие се повлекле.

По огласувањето на сирените за тревога, косовската полиција извести дека „им помага на градоначалниците на северните општини Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да го остварат своето право на работа – во службените објекти на овие општини“.

Новоизбраните градоначалници во овие три мнозински српски општини положија заклетва на 25 мај, со што ја презедоа локалната власт на северот на Косово. Тие ги презедоа своите должности во јавни згради бидејќи во општинските згради, во кои се наоѓаат привремените општински тела кои работат во српскиот систем, не им беше дозволен пристапот.
Само во Митровица има општинска зграда која работи по косовскиот систем, а на 19 мај во неа функцијата ја презеде Ерден Атиќ од Самоопределување.

На почеток