Свет

Се обидел да и’ помогне на непозната жена и паднал во шахта, го спасувале девет пожарникари

Се обидел да и’ помогне на непозната жена и паднал во шахта, го спасувале девет пожарникари


Сплитчанец е повреден по пад во шахта додека се обидувал да ги земе клучевите од автомобилот на непозната жена кои паднале во шахтата, а во неговото спасување учествувале девет пожарникари.

Мажот кој во петокот бил на смена на своето работно место се обидел да и помогне на жената и да и ги земе клучевите кои паднале во шахтата, но во момент на невнимание се лизнал од металната скала и паднал во дупката длабока околу два метри, пишува „Индекс“.

Потоа биле повикани да интервенираат пожарникари кои излегле на местото на настанот и го извлекле човекот од шахтата.
„Во интервенцијата учествувале девет пожарникари со две возила“, соопштија службеници од сплитската противпожарна служба и потврдија дека мажот со скршена рака бил пренесен во болница.

На почеток