Актуелно

Шишиња, лименки, пластика, конзерви извадени од Охридско Езеро

Шишиња, лименки, пластика, конзерви се извадени од Охридското Езеро за време на новата еколошка акција на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Нуркачите затекнаа огромна количина на разновиден цврст отпад.

Потенцираа дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини на отпад.

Раководителот на „Амфора“, Јован Секулоски, кажа дека пред неколку години дале предлог да се изградат минибрани со кои во голема мера ќе се намали количината на отпад што завршува во езерото.

Во акцијата учествуваа 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора.

На почеток