Автобускиот превоз во Скопје и денеска е бесплатен поради загадувањето на воздухот.
„Одлуката, која е дел од мерките за намалување на загадувањето на воздухот и е на сила од 12 часот од неделата, 20 јануари, ќе важи сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена“, соопшти ЈСП.
Од таму ги повикуваат граѓаните да пријават доколку во некој од автобусите е вклучено апаратчето за наплата.
„Ве молиме да пријавите (гаражен број на возило, линија) доколку забележите случај на вклучен валидатор на режим за наплата, со оглед на тоа дека и покрај системско известување до возачите за штелување на валидаторите на ‘контрола режим’, регистрирани се инцидентни ситуации на непочитување на наредбата од страна на некои возачи“, велат од ЈСП.