Скопје

Активистите лути на Шилегов поради Вардариште, ќе спроведуваат акција

Активисти на здруженијата за заштита на животни, вчера од Вардариште ја зеле оваа кучка, која пред еден месец била донесена од заловувачите на кучиња, со малечки, но сите умреле во стационарот.

Волонтерите со сопствени средства и пари од донации, ја однеле на ветеринар и сега се борат за нејзиниот живот.

Лути се на градоначалникот Петре Шилегов, кој, велат, буквално ништо не направил за Вардариште и покрај многубројните ветувања.

Прашуваат, што се случува во Вардариште со донациите,  храна, покривки, вакцини и други потребни средства за згрижување на кучињата, бидејќи од таму или ги вадат како живи скелети или не излегуваат живи.

Секоја сабота, активисти одат во скопскиот стационар за бездомни кучиња, Вардариште, каде носат храна и кебиња.

Но, потребни им се волонтери кои ќе им се придружат во акциите.

„Секој кој сака да помогне на било каков начин дали со храна, лекови или ќебиња пишете ни. Ве очекуваме! Тие не имаат само нас, да не ги изневериме“, стои во повикот за акција од иницијативата за згрижување на бездомни кучиња „Daisy Family Rescue“.

Тие изминатиов период ги посетуваат кучињата во стационарот и споделуваат фотографии од нив, со цел да ги мотивираат граѓаните да вдомуваат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток