Македонија

Холандија се откажа од проект поврзан со Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кажа холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

Во интервју за „Радио Слободна Европа“, амбасадорот оцени дека состојбата е загрижувачка, а Судскиот совет станал нелегитимно тело.

„Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме и случајот со Судскиот Совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, рече амбасадорот во интервјуто за РСЕ.

Поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика да се гласа за нејзино разрешување. Го поддржаа седум члена и тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата

На почеток