Борба за „ауди“-то во Судски совет: двајца членови се возат до дома и назад
Членот на Судскиот совет Селим Адеми и актуелниот потпретседател Ханиф Зендели немаат намера да го вратат и да се откажат од службеното „ауди“ кое незаконски го користат за одење дома во Тетово и назад на работа во Скопје секој ден, објави СДК.мк.
Поради тоа, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева на 22 февруари донела одлука службените коли „ауди“, „опел астра“ и „голф“, по завршување на работното време и на работните обврски, задолжително да се остават на паркингот или во гаражата на Судскиот совет. И по работното време да се остават клучевите од трите службени возила во Судскиот совет.
„Корисниците на службените возила при нивното користење во текот на работното време, да посветат особено внимание при употреба и користење на возилата, а тоа да е исклучиво и единствено за службени потреби. За користење на службените возила, согласност дава претседателот на Судскиот совет“, изрично стои во одлуката.