Македонија

Спасовски не одговори дали би се кандидирал за претседател на државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес присуствуваше на промоцијата на Пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.

На прашањето дали би се кандидирал за претседател на државата, тој само кусо одговори дека тоа е политичко прашање кое треба да биде оставено за партијата.

„Ова е политичко прашање, денес сме овде во име на институцијата со која раководам така да партиските, политичките прашања ќе ги оставиме за партијата.

За сите политички прашања ќе разговараме таму каде што е место во политиката, денеска сме овде заради интересот на лицата со посебни потреби. За мене е многу поважно да работиме секој ден за интерес на граѓаните, да помогнеме секој ден на одредена група или категорија, отколку за било што друго што се однесува до политичките случувања, амбиции итн“, изјави Спасовски.

На почеток