Македонија

Спасовски за насилството во Арачиново: Ова не прв конфликт во општината заради нерасчистени лични интереси

69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново.

Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува.

Во врска со овој случај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека ова не е прв конфликт во општината.

„Во однос на состојбите ја информирав јавноста дека имаме два пати пријави во однос на вакви настани и се преземени сите неопходни мерки за кои што се поднесени сите соодветни пријави во однос на лицата кои што практично ја нарушуваат безбедноста. Апелирам овие недоразбирања кои ги имаат од било кои причини, дали се лични, политички, ќе треба да се разрешат затоа што не смее граѓаните на Арачиново да бидат заложници на состојбите кои ги има таму. Секако дека македонската полиција стои на располагање доколку има потреба да се осигура безбедност на било кој затоа што во државата не смее во ниту еден момент никој никого да го напаѓа, ниту да претставува опасност за него, но ако има лични недоразбирања или било какви мотивации за таквите недоразбирања да ги расчистуваат, а да институциите функционираат нормално во интерес на граѓаните.

Во однос на активностите кои ги презема полицијата секогаш и во секој момент се преземаат и се поднесуваат кривични пријави, па понатака обвинителството ги презема. Во делот на институциите тоа е нешто што преземено. Инаку пораката не ми е до политички структури или било кого, туку до оние кои ги прават конфликтите. Ова не прв конфликт кој што е во општината и тоа е според наши информации и сознанија кои ги имаме заради нерасчистени лични интереси и затоа упатувам апел дека граѓаните не можат да бидат заложници на никакви лични или политички интереси“, изјави Спасовски.

На почеток