Македонија

Со ланската добивка ќе се покриваат натрупаните загуби на „Лотарија“, Штерјо Наков и неговиот син ќе бидат членови на одборот на директори

Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, кој во моментов е и директор на шпедитерската компанија „Фершпед“, ќе бидат нови членови на Одборот на директори на „Лотарија на Македонија“, објави Фактор.

Нивниот мандат ќе биде шест години и за тие свои функции ќе земаат месечен паушал од по 30 илјади денари.

Промената во раководството е една од одлуките кои ги донело Собранието на акционери на седница одржана пред неколку дена, поточно во петокот минатата недела.

Исто така, компанијата донела одлука целата добивка која што ја оствари лани, на сума од 121 илјади евра, да се намени за покривање на загубите од претходните години, што значи дека акционерите нема да земат дивиденда.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток