Магазин

Порно снимка од Карлеуша ќе протече во јавност

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш има порно видео со Јелена Карлеуша, а пејачката е подготвена да му плати 300 илјади евра за да не го објавува, пишуваат српските медиуми.

„Додека имаа афера, Јелена и Огњен често разменуваа секси видеа и фотографии. Бидејќи живееја во различни држави и не можеа често да се гледаат, мораа некако да ја одржуваат страста. Кога во август 2017 година таа го посетила во Атина, го снимале сексот. Тогаш е направен еден од најдобрите домашни филмови за возрасни, тоа ви го тврдам“, рекол пријател на босанскиот фудбалер.

Тој вели дека се снимале во неговиот стан и дека видеото трае малку повеќе од три минути. Огњен, наводно, го покажал на неколку свои колеги од босанската репрезентација и на неколку најблиски пријатели.

„Карлеуша знае дека Врањеш може да го пушти и видеото на интернет и не жали пари за да го спречи. Таа му понудила 300.000 евра за нивната заедничка снимка, а тој го прекинал повикот без да ја дослуша. Свесен е дека ја контролира, а парите никогаш не му биле мотив за да ги објави деталите од нивната врска,“ додал истиот пријател на фудбалерот за српските медиуми.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток