Магазин

ChatGPT достапен за корисниците на iPhone; Андроид верзијата во подготовка

Ботот со вештачка интелигенција ChatGPT, кој има способност да одржува разговор налик на човек, стана достапен за преземање во продавницата за апликации на Apple.

По нејзиното првично објавување во американската продавница за апликации на Apple на 18 мај, апликацијата ChatGPT стана достапна во десетици земји, вклучувајќи ги Канада, Индија и Бразил, бидејќи нејзиниот развивач OpenAI се обидува да ја прошири својата корисничка база.

Апликацијата може да се преземе бесплатно за мобилните уреди на Apple кои користат софтвер iOS, додека останува достапна на компјутерите преку прелистувач.

Апликацијата им овозможува на корисниците да споделуваат историја на разговори помеѓу повеќе уреди и овозможува аудио влез.

Покрај iPhone-ите и другите уреди на Apple, OpenAI рече дека моментално работи на објавување верзија за уреди кои користат софтвер со Android.

Лансиран во ноември 2022 година, ChatGPT веќе се здоби со популарност, но има и загриженост за приватноста и ширењето на дезинформации.

На почеток