Македонија

Меџити: Немаме магичен стап, тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред јавноста зборуваше за лошите состојби, па упати барање: „Пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“. Меџити, ова го правеше и во претходни изјави, а откако беше мета на критики дека ништо не променува во секторот откако стана министер.

„Ова би го крстил како голем ден ‘Национален форум за здравство’ заедно со претставничката колешка и докторка Ане Јохансен денес во овие простори да ги кажеме сите наши дефекти што јас како министер веќе три месеци скоро, ги детектирав. Работиме заедно со Ане Јохансен и сме многу благодарни за поддршката и за соработката на СЗО што ја покажува за нашата држава и ние сме спремни и ќе се стремиме заедно. Јас цело време апелирам што не е во ред, што се проблемите, како може да ги детектираме и како може најбрзо да најдеме решение. Јас сум многу одлучен како министер, и мојот кабинет, моите советници и сите здравствени работници ги повикувам, ние го знаеме нашето здравство, во многу лоша состојба е, дајте заедно да придонесеме за еднаш засекогаш да поставиме некои здрави основи постулати, со цел нашите пациенти да добијат подобри здравствени услуги и да имаме поздраво население“, рече Меџити.

Тој додаде дека е намалена смртноста кај новороденчињата што е големо достигнување.

„Но не само со оваа проблематика, тука сме да се занимаваме и да ги решиме сите проблеми кои ги има во здравството. Знаеме дека магичен стап немаме, тоа нема да се случи преку ноќ, но со сите наши пријатели, со сите здравствени меѓународни институции посебно со СЗО што се тука за нас, да се стремиме заедно да поставиме добра здравствена основа, да ги изградиме болниците кои се оставени, знаеме кичевската 30 години, штипската има проблем правен, го решаваме денеска, напорно работиме на тоа, работиме на мој термин, работиме не знам ни јас веќе кај не работиме. Работиме во сите правци во здравството што навистина има многу проблеми, здравството е жива материја, пак повикувам дајте сите заедно да градиме едно здраво здравство“, додаде Меџити.

На почеток