Македонија

Пандов во одбрана на Стоилов, Дојде време да е грев да се кажуваш дека си Македонец, како може да бараат суспензија

Не запираат коментарите околу потегот на ракометарот Стојанче Стоилов. Ситуацијата на нозе ја крена јавноста во Македонија. Сеуште се дискутира за неговото напуштање на настанот за избор на спортист на годината, па и одлуката на новинарот на МРТ 2 да не го коментира по неговото презиме на СП.

Според поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, негов личен избор да го истакнува патриотското чувство на јавен настан.

„Трендот во Македонија е сега да е грев да се кажуваш како Македонец. До таму е дојдено тоа, да тие спортисти стануваат трн во око на одредени владини првенци да бараат суспензија и да ги негираат тотално“, истакна Пандов во „Отворено“ на Алфа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток