Жирафата Каспер пцовисала од салмонела
Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.
„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“.
Професорите, доктори Трпе Ристоски и Кирил Крстевски во наодот дополнуваат и за најдените паразити.
Целиот текст можете да го прочитате тука