Коментари

До кога ЕВН и Регулаторна Комисија ќе го осиромашува овој народ на овој монополски рекетарски начин, вели Манасков

Претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков преку социјалните мрежи го праша Марко Бислимовски која институција ја контролира ЕВН на терен во државава.

„Дали се сериозни !!!
По барање на ЕВН , да се зголеми цената на сметките за мрежарина и воведување на нови мерни броила за полесно да врши „мобинг и манипулација врз граѓаните и компаниите во Македонија, замислете дека Бислимовски и Регулаторна Комисија ќе им го одобри ??????….
Нека каже Бислимовски која институција ја контролира ЕВН на терен во државава и како ??? ….
До кога ЕВН и Регулаторна Комисија ќе го осиромашува овој народ на овој МОНОПОЛСКИ рекетарски начин???…
Засрамете се, и престанете да правите штета!!!!!!….
Бидете сигурни дека за ова ЕВН и Регулаторна, ќе мора да сносат сериозни последици еден ден ….“, вели Манасков

На почеток