Актуелно

Утре и задутре ќе се прска против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека на 7 и 8 јуни 2023 година (среда и четврток), во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, информираат од Град Скопје.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

На почеток