Македонија

Пет лица фатени со дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.М.(20) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.04.2022 во Градскиот парк во Виница, полициски службеници го затекнале М.М. со уште четири лица, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.А.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.03.2023 во Струмица, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, мешавина од амфетамин и метамфетамин и таблети МДМА.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(37) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле хероин.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Р.(22) и А.А.(27), двајцата од кичевското село Србица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на моторно возило „голф“, во кое пријавените се превезувале, извршен на 06.04.2023 во близина на кичевското село Другово, полициските службеници кај нив пронашле и одзеле марихуана.

На почеток