Македонија

Министерот го повика разрешениот директор да му биде советник

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите истакна дека разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно, но и дека му понудил да му биде советник во кабинетот.

Меџити тврдеше пред новинарите дека разрешувањето на професорот Јовев нема никаква политичка или друга заднина.

– Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги – објасни министерот Меџити.

Тој го повика д-р Јовев да му биде советник во Кабинетот, како национален координатор за кардиохирургија.

Министерот рече дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.

На почеток