Актуелно

Денес седници на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена по вчерашната средба на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, Ерик Мајер на Фејсбук објави дека ова е период кога треба да ги донесеме клучните одлуки за забрзување на евроинтеграцискиот процес, бидејќи ЕУ е нашиот единствен пат.

– Се согласивме дека храбрите одлуки носат успех, Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД. Тоа ќе го правиме рамо до рамо со нашите стратешки партнери САД, додаде Ковачевски во објавата.

На почеток