Почина работник во Железара
Од
Објавено на
На 09.06.2023 во 11.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, скопско.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
За настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.