Актуелно

Ако Мицкоски побара да биде премиер на Влада до избори и за тоа сме подготвени, вели Османи

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во вечерашната емисија „ClickPlus“ на ТВ21, порача дека ДУИ е подготвена да ја даде и позицијата премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа.

„Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара позицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение“, порача Османи.

Тој истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кога вели Влада без ДУИ, мисли на Влада без Албанците.

„Ние имаме редовна координација и со Таравари и со Алијанса за Албанците. И тие се на ист став како ДУИ, дека спремни се да ја напуштат Владата. Мицкоски кога вели дека сака Влада без ДУИ, мисли на Влада без Албанците. Историски, дел од македонските политичари помогнати од службите работеле Албанците да бидат маргинализирани, но сега сменети се работите“, вели Османи.

На почеток