Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за АлсатМ, рече дека тој веројатно ќе биде првиот кој ќе добие двојазичен пасош, согласно Законот за употреба на јазиците и кој ќе се води на новото име на државата, Република Северна Македонија.
Во текот на целото интервју, Заев немаше проблем да го користи скратеното име Северна Македонија, а на крајот од интервјуто на одјавата на новинарот во која му се заблагодари на Премиерот на Република Северна Македонија за учеството во емисијата, Заев рече дека официјално тој сѐ уште е премиер на Република Македонија.
Во првото ТВ интервју по ратификацијата на Договорот со Грција во македонскиот Парламент за АлсатМ, рече дека има одредено незадоволство во коалицијата (ДУИ) затоа што законот е испратен на Венецијанската комисија. Тој рече дека никој нема право, од политичките партии да го присвојува тој закон, бидејќи , како што рече, тој е плод на граѓаните што гласалае за нив.