Скопје

Во 24 часа во Скопје, осум сообраќајни незгоди, 26 возачи исклучени од сообраќај, 80 мандатни платни налози

Во текот на изминатиот ден (22.01.2019 ) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои седум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 26 возачи од кои: тројца возачи поради тоа што управувале возила под дејство на алкохол, 20 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, тројца поради непоседување зимска опрема, тројца возачи поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток