Македонија

(ВИДЕО) Крива Река и Пчиња пред излевање

Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој.

„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња.

ЦУК доби известување од УХМР дека е забележан зголемен водостој и на реката Пчиња во Пелинце. Предупредуваме за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња, а истовремено заради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции“, се вели во соопштението.

На почеток