Македонија

(ВИДЕО) Македонија води со 2:0 против Украина

Македонија поведе против Украина со 2:0 со головите на Енис Барди и Елиф Елмас.

Иако Украина пристигна како фаворит во Скопје, во поголемиот дел од првото полувреме, Македонија беше во иницијатива, што се исплатеше во 30. минута, кога по игра со рака во шестнаесетникот, со помош на ВАР системот доби заслужено пенал, кој Барди сигурно го реализираше.

Осум минути откако Енис Барди донесе водство со гол од пенал, Елмас со фантастичен гол во 38. минута го удвои водството на Македонија, резултат кој треба сега да го сочуваме и во второто полувреме.

 

На почеток