Четири лица фатени со дрога, еден од нив е малолетник


На 18.06.2023 во 21.45 часот на подрачје на Центар, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Д.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.06.2023 во 15.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници лишиле од слобода 17 – годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.06.2023 во 22.50 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.06.2023 на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.Ј.(28) од с.Карамани, битолско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
