Свет

Столтенберг: На самитот на НАТО, Украина нема да добие официјална покана за членство

Столтенберг: На самитот на НАТО, Украина нема да добие официјална покана за членство


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека лидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане нивна членка, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули.

„На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана“, изјави Столтенберг за новинарите, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО. Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнатиот конфликт во Украина.
„Сакаме крај на војната, но мирот не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија“, рече Столтенберг.

На почеток