Свет

(Видео) Избувна пожар во најголемиот забавен парк во Германија

(Видео) Избувна пожар во најголемиот забавен парк во Германија


Голем пожар избувна  во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк.

NOW – Major fire in Germany’s largest theme park.pic.twitter.com/qCGqUOJJLe
— Disclose.tv (@disclosetv) June 19, 2023

Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.
„ Силно експлодираше два-три пати. После тоа пожарот се проширил“  изјавил еден од очевидците за швајцарскиот портал „20min“ и додал дека луѓето се заглавиле на ролеркостерот и биле принудени да бегаат.
Причината за пожарот засега не е позната.
Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра.

На почеток