Свет

Бајден за заканите од Путин за употреба на нуклеарка: Мислеа дека сум луд, но навистина може да го искористи

Бајден за заканите од Путин за употреба на нуклеарка: Мислеа дека сум луд, но навистина може да го искористи


Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека заканата за рускиот претседател Владимир Путин за употреба на тактичко нуклеарно оружје е реална.

Исто така, пред неколку дена, Бајден го осуди руското распоредување нуклеарно оружје во Белорусија, велејќи дека тоа е апсолутно неодговорно, пренесува Гардијан.

„Мислеа дека сум луд кога им кажав дека се грижам дека Путин може да искористи нуклеарно оружје. Тоа навистина може да се случи“, рече Бајден.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела објави дека неговата земја почнала да добива руско тактичко нуклеарно оружје, од кои некои се трипати помоќни од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

На почеток