Македонија

Вработените во УЈП дадоа рок до 27 јуни, ќе ја блокираат цела држава ако не добијат повисоки плати

Претседателот на синдикатот во УЈП, Васе Недановски во гостување на национална телевизија најави дека 27 јуни е датумот до кога треба да се спогодат вработените во УЈП и министерството за финансии.

„Во спротивно УЈП оди во генерален штрајк и целата држава ќе биде блокирана“, изјави Недановски.

Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.

Тие бараат повисоки плати за 30 проценти.

На почеток