Свет

Шок бомба била фрлена пред кафуле во кое биле пратеници од опозицијата во Косовска Митровица

Шок бомба била фрлена пред кафуле во кое биле пратеници од опозицијата во Косовска Митровица


Шок бомба била фрлена пред угостителски објект во Косовска Митровица каде седеле пратениците од опозицијата Александар Јовановиќ Ќута, Данијела Несторовиќ и Мирослав Алексиќ.

Тие седеле во кафулето на хотелот ББ во тој град, кога се случил инцидентот, пишува Н1.

Опозициските претставници Мирослав Алексиќ и Александар Јовановиќ Ќута денеска беа во Звечан каде, како што велат, дошле да им дадат поддршка на косовските Срби.
Тие посочија дека е последен момент да се реши проблемот на северот на Косово. Додека тие зборуваа, се слушаа извици на неодобрување од неколкумина собрани.

На почеток