(ВИДЕО) „И сопругата и ќерката ми починаа во иста соба на КАРИЛ“, очаен татко прозборе за лекарска грешка во Охрид
Смртта на петгодишната Јана, која почина откога прими инфузија во битолската болница, ги отвори старите рани на пензионерот Блаже Блажески чија ќерка Елида, почина со 61,48 единици шеќер во крвта, откога прими пет шишиња инфузија во охридската болница, пишува Макфакс.
„Нема врска, момичето немаше шеќер. Да имаше шеќер има апчиња, има инјекции, Ќе си бараше чаре“, вели Блажески.
Блажески, по пет години талкање во судско-здравствените лавиринти низ кои бара одговори за причината за смртта и се сомнева на несоодветно лекување во охридската болница, првпат одлучи јавно да зборува за случајот на неговата ќерка.
Откога почнал да бара одговори, утврдил дека речиси и да нема документ кој институциите не го фалсификувале за да го убедат дека ќерка му, која никогаш немала проблеми со шеќерот, починала оти не го лекувала.