Свет

Бајден го нарече кинескиот претседател диктатор, реагираше Кина

Бајден го нарече кинескиот претседател диктатор, реагираше Кина


Кинеските власти објавија дека коментарот на американскиот претседател Џо Бајден со кој Кси Џинпинг се изедначува со диктатори е смешен.

„Забелешките на американската страна се крајно смешни и неодговорни, тие сериозно ги нарушуваат основните факти, дипломатскиот протокол и политичкото достоинство на Кина. Тие се отворена политичка провокација“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг, а пренесе АФП.

Бајден вчера го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг диктатор, оценувајќи дека на Кси му било многу нелагодно кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД. Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Кси во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.
Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан. Тој инцидент, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размена на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.

На почеток