Приведен велешанец, му носел хероин на братот во затвор
Од
Објавено на
На 20.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(52) од Велес. Во пакетот кој го доставил на неговиот брат А.Д.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа – Отворено одделение Велес, затворските службеници пронашле и одзеле две пакувања со хероин. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.