Македонија

Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста, како реакција на одговорот на Димитар Ковачевски во врска со скандалот за Рамиз Мерко

„Гледајќи како Ковачевски ја префрла вината на судско обвинителните органи притоа упорно не барајќи оставка од Мерко кој продолжува да биде градоначалник на неговата коалиција имаме конкретни прашања:

Кој е на власт последните 6 години?

Кој велеше дека ќе донесе живот и правда за сите?

Чив човек и пион е првиот обвинител Љубомир Јовевски?

Глумењето паднат од Марс на Ковачевски е навреда за интелигенцијата на народот“, се вели во соопштението.

На почеток