Свет

Приведен наставник во основно училиште во Хрватска: ги допирал, гледал и им испраќал пораки на ученичките

Приведен наставник во основно училиште во Хрватска: ги допирал, гледал и им испраќал пораки на ученичките


Наставник во основно училиште во Хрватска недолично се однесувал со учениците. Случајот го пријавиле осмооделенци, а полицијата го привела наставникот во основното училиште „Богослав Шулек“ од Славонски Брод.

„Истрагата е во тек, а поради чувствителноста на темата поврзана со малолетниците, во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации“, изјави за Хина портпаролот на Полициската управа Томислав Ковачевиќ и потврди дека осомничениот бил приведен вчера.

Локалниот медиум „ПлусПортал“ пишува дека наставникот непримерно ги допирал и гледал ученичките и им праќал непримерни пораки. Тврдат дека за се имаат докази, а именуваниот наставник наводно признал се освен физички контакт со учениците.
Како што дознава „ПлусПортал“ од родителите, кои сакале да останат анонимни, класната раководителка навремено реагирала на шокантните обвинувања и постапувајќи по протокол веднаш ја известила стручната служба на училиштето, како и директорот, кој случајот го пријавил до сите надлежни служби.
Од училиштето одговориле дека директорот нема да дава изјави за случајот.

На почеток