Скопје

Се реконструира булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија

Градот Скопје ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на животот, животната средина, зголемување на градското зеленило и паркови површини.

Град Скопје во Општина Аеродром, го реконструира булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот, а паралелно со реализација на овој проект за жителите од овој дел на градот, градот подигнува нова паркова површина на 27.000 метри квадратни со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

Оваа паркова површина под надлежност на Град Скопје на 27.000 метри квадратни е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектите ветени во програмата За модерно Скопје.

To Top