Внимавајте: Жена се претставува како тетка на Кико и бара да се префрлат пари на нејзина сметка
Јутјуберот Стефан Лазаров, кој ја организираше акцијата за собирање средства за лекување на момченцето Кико, денеска објави дека извесна жена лажно се претставува дека му е тетка на Кико, и барала да се префрлат пари на нејзината сметка.
„Добив многу пораки во текот на вечерта дека оваа жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари да се префрлат на нејзина сметка. Како што гледате на сликата иако на профилот пишува Даниела Ивана, во пораката е дадена сметка од Цвета Стојкоска.
Во меѓувреме и мене ми пишала да донирам за нејзините покојни родители. Ве молам внимавајте бидејќи постојат луѓе кои очигледно не се плашат од Господ и немаат грам морал.
Надлежните органи се известени и се надеваме на брза реакција. Вие внимавајте за да не направите грешка и си ги изгубите парите“, се вели во објавата на јутјуберот Стефан Лазаров на фејсбук.
Инаку, тој уште пред два дена објави дека семејството на Кико изјавило дека средствата за момченцето се собрани и дека се стопираат телефонските сметки на кои се собираа донации.