Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети, вели Хајредини
Од
Објавено на
Сеопфатна истрага е потребна за Али Ахмети. Сите други он ги именува и пред него одговараат. Ова на својот фејсбук-профил го напиша Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
Тој вчера со неколку поста ја коментираше и одлуката на Стејт департментот за прогласување за непожелна личност на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и неговото семејство.
Хајредини вчера ја искоментира и изјавата на премиерот Димитар Ковачевски: „Јас да сум на црна листа, веднаш давам оставка! Ковачевски вели дека доказите против Мерко се сериозни.
Да не се тие од црна листа, во Македонија не би имале ни стабилна владина коалиција“.