Лазаров со емотивна објава за Кико: Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот, се бореше до крај како вистински победник
Малиот Кико од Долни Балван не издржа. Тој почина иако беа собрани парите за лекување во Турција. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше.
Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати. Иако после неколку часа се почувствува подобро сепак неговото срце не издржа.
Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.
По веста за смртта на социјалните мрежи се огласи и Стефан Лазаров кој собираше донации за лекувањето на Кико.
„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“, напиша Лазаров