Моментално на раководни позиции се луѓе кои не ја перципираат Македонија како своја држава, мора да бидат тргнати, вели Најчевска
Од
Објавено на
Професорката Мирјана Најчевска, која редовно пишува за актуелните политички случувања во земјата, вели дека на раководните позиции има луѓе кои не ја чувствуваат Македонија како своја држава и затоа треба да бидат тргнати од позициите.
„Моментално на раководни позиции се наоѓаат луѓе кои не ја перципираат Македонија како своја држава, кои не ги перципираат граѓаните на Македонија како луѓе во чиј интерес треба да работат и кои не одговараат за ниту едно прекршување на законите. Тие луѓе мора да бидат тргнати од раководните позиции“, напиша Најчевска.