Коментари

Кико почина од генетско заболување, најчест животен век е до 24-25 години, вели д-р. Лазаров

Кико почина од генетско заболување кое оневозможува поправка на DNK, во светот НЕМА ПРЕЖИВЕАН, има неколку регистрирани случаи на преживување до 30 и некоја година кај еден поддтип на болеста, но најчесто животен век е до 24-25 со добра грижа и нега, вели доктор Ненад Лазаров.

„Се работи за брзопрогредирачко заболување за кое не постои ефективен третман, со трагичен крај.
Никој не го убил детето во случајов, она што е факт и вистина е дека државата нема систем за палијативна нега на терминални пациенти од ниеден вид ама најчесто се тоа возрасни пациенти за кои јавноста нема толку емоции па ваквите случаи ни се шокантни и не се направил притисок тој голем проблем да се реши.
По преку илјадници домашни посети сведочев на стотици пациенти кои последните денови од животот немаше каде да бидат згрижени па беа дома, без оглед на тоа дали и какви услови има во тој дом.
Смртта на млади е трагична но за да дадеме вредност и не биде залудно треба да научиме од тоа и да се направат промени.
Никој не сака да голтне дека ретко која мал држава овозможува експериментални терапии и третмани за терминални или пациенти со ретки болести, кои чинат колку цело примарно здравство, ама уште поболно е и не помага кога сите знаеме и гледаме колку се краде од 91ва навака.
Искрено сочувство до семејството, ве молам да не користиме вакви случаи за политички препукувања туку еве на пример за конечно обединување на сите партии околу тоа дека е потребно многу пари, професионалност и деполитизирање на здравството веднаш, зошто од болест, старост и смрт не избегал никој до сега“, додава Лазаров.

На почеток