Коментари

Најчевска до Ковачевски: Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп

Професорката Мирјана Најчевска со остар тон кон премиерот Димитар Ковачевски по неговата фамозна изјава за внукот на Али Ахмети, кој стана нов сопственик на трговскиот центар „Соравија“.

– Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп.

Граѓаните те прашуваат како премиер за корупцијата направена од страна на министри и функционери кои се одговорни пред тебе.

Те прашуваат како премиер кој наводно отвори војна на корупцијата и како премиер кој е задолжен да спроведува одредена политика која треба државата да ја внесе во ЕУ.

Ич не ни е гајле за твоите внуци освен ако не се дел од коруптивнат мрежа создадена и заштитена од власта – пишува Најчевска на својот Фејсбук профил.

Таа исто така дополнува „Дај престни да тресеш зелени и однесувај се како премиер ако воопшто имаш интелектуален капацитет да разбереш што е тоа или тргни се од функцијата од која правиш непоправлива штета на државата“.

– СДСМ како една од нјголемите партии треба да се засрми премиер од нивните редови да биде овој лик.

И ова воопшто не значи дека на твое место треба да дојде Мицковски како твој пандан по сите основи.

Треба да дојде човек со два грама мозок и два грама принципи и два грама морален интегритет – заклучува Најчевска.

На почеток